Od ovoj den (Од овој ден) Vlado Janevski

Lyrics

  • Song lyrics Redakcja
Jас кого би сакал ако не си ти
и со кој би делел бол и радости.
Моето срце ти е дом и одаја
од надеж светната и со нежност послана.

Кој, кој би ме чекал ако не си ти,
пак да ти се вратам од далечини,
од очите твои грижата да истече
и бликне љубовта штом ти речам еве ме.

Од овој ден ти си ми единствена
и погледни на дланка си ми пишана,
ко златна до срце линија засекогаш крај мене најмила.
Од овој ден ти си се што ми е свето
и погледни само за нас времето,
од рози пат распостила
и одам до крај со тебе најмила.

Насмев што од лицето ти изгрева,
дожд и црни облаци ќе растера,
во овој живот и во сите претходни
најубавото што ми се случило си ти.

Од овој ден ти си ми единствена
и погледни на дланка си ми пишана,
ко златна до срце линија засекогаш крај мене најмила.
Од овој ден ти си се што ми е свето
и погледни само за нас времето,
од рози пат распостила
и одам до крај со тебе најмила.




Rate this interpretation
contributions:
Redakcja
Redakcja
anonim